Од 2015 година стапи на сила Закон за енергетика односно, Правилник за енергетски карактеристики на згради, со што се става акцент на подигање на свеста за заштита на животната средина и намалување на емисија на СО2 со воведување на концепт за проектирање и изградба на објекти со подобрени енергетски карактеристики со цел да се намали потребната количина на енергија за греење, ладење, осветлување и тн, а притоа да не се нарушат условите на комфор во истите.
АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е лиценцирана компанија за вршење на Енергетска конторола на објекти и издавање на енергетски пасоши на истите.
Во рамките на оваа област ги нудиме следниве услуги
- – Изработка на елаборат за енергетска ефикасност за нови и постоечки објекти (дефинирање на сите потребни параметри за намалување на потрошувачката на примарна енергија и намалување на емисија на СО2)
- – Издавање на потврда за согласност на проектната документација со минимални барања за енергетска ефикасност (задолжително при водење постапка за добивање на Одобрение за градење)
- – Енергетска контрола и издавање на енергетски пасош
Од 2020 год активно работиме на изработка на основни проект за Фотоволтаични централи на земја и на објекти. Референтната листа е долга и реализацијата на истите е успешна на територијата на цела Македонија.
Со новите законски можности од 2025 год почнавме и со планирање и проектирање на системи и опрема за складирање на електрична енергија.
Како општествено одговорна компанија размислуваме како да допринесеме за заштита на животната средина. Во таа насока инициравме Развојна стратегија за подобрување на енергетската ефикасност на куќи на социјално ранливи домаќинска, публикувана на порталот fakulteti.mk во 2019 и во Пресинг бр.64/2024.