A R S - I N G

Се вчитува!

НАДЗОР

НАДЗОР

Стручниот надзор над изградба на објект е врска меѓу инвеститорот и изведувачот. Избор на инвеститорот е кому ќе му ја додели оваа одговорна задача, а должност на надзорниот орган е да го конторлира процесот на материајлизирање на идеите.

„АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ нуди услуги во оваа област во својство на проектен и стручен надзор. Основна задача на надзорен орган е да ја контролира работата на теренот, да гарантира за изработката во согласност со проектната документација и одобрението за градење и да врши контрола на вградените материјали и количини.

Гарантираме за стручно и совесно работење. Ако работата се изведува совесно не постои начин да се надмине проектираната состојба на количините за вградените материјали, а со тоа и цената на чинење на објектот.

Доказ за нашата посветеност и стручност е успешно реализирање на најголемиот објект во Куманово познат како „La Plaza Mall & residence“. Објектот е со вкупна изградена површина од околу 60000m2. Наша должност во својство на главен надзор беше не само во делот на контрола и надзор над изградба на конструктивниот систем туку и консалтинг, организација и оптимизација на целиот процес на градење со цел непречено и безбедно да се одвиваат сите градежни активности.

КЛИЕНТИ

НАШИТЕ КЛИЕНТИ