Со избор на ревидент на проектна документација се намалуваат шансите за настанување на грешка во процесот на проектирање, а со самото тоа и во процесот на градење.
Ревизијата се врши со цел да се направи контрола на проектот, односно усогласеност на проектот со техничките прописи во поглед на:
- механичката отпорност;
- стабилност;
- сеизмичка заштита на градбите;
Со навремена соработка меѓу проектантот и ревидентот се доаѓа до заеднички успех. Во многу случаи во својство на ревиденти сме наидувале на непотполно изработени и издржани проекти, проекти каде воопшто не се водело сметка за стабилноста на објектот. Со професионално изработена ревизија шансите за грешка се сведуваат на нула. Ревизијата е последен чекор пред отпочнување на градењето, затоа внимавајте во кој правец чекорите.