Повеќе од 30 год. сме присутни на пазарот на недвижности. Тоа е доволен показател во време на непрофесионализам и несигурност со кои секојдневно се соочуваат илјадници наши граѓани при купопродажба на недвижен имот.
Комплетен инженеринг и сопствена инвестиција.
Од скица до изведба, од проект до најситен детал и комплетно менаџирање, продажба на станбен и деловен простор.
Водилка за успех во изминатите долги години е синтеза на квалитет, сигурност, професионално и посветено работење. Низ годините ги следиме најновите трендови и ги применуваме во пракса.
Нашите објекти од темел до кров се карактеризираат со:
- – Високи геомеханички карактеристики на подлога за темелење, секогаш проверени и потврдени од акредитирана институција
- – Комплетно проектирани и изведени асеизмички објекти, проверени и потврдени од ИЗИИС
- – Вградени атестирани материјали со проверени и потврдени јакосни карактеристики во акредитирани лаборатории
- – Ѕидани со термоизолациони блокови
- – Термоизолациони контактни фасади
- – Енергетски ефикасни објекти
- – Намалена потрошувачка на енергија
- – Намалена емисија на СО2 во воздухот, заштита на животната средина
- – Комфорни и удобни ентериерни решенија
- – Вградени системи за природно вентилирање на секоја просторија
- – Подземно и надземно паркирање во сите објекти со примена на современи модерни системи со сигнализација и далечинско управување