A R S - I N G

Се вчитува!

ПРОЕКТИРАЊЕ

Проектирање

Цената на проектот е само еден мал процент во однос на вкупната цена при изградба на еден објект, а самиот проект ја диктира цената на објектот. Со изборот на проектантот го кроите буџетот наменет за изградба на вашиот објект од соништата.

 

Прв и основен елемент за да се изгради рационална, економична и стабилна конструкција е да се изработи комплетна проектна анализа. Со вистински избор на конструктивниот систем и вистински избор на материјалите што ќе се вградуваат се добива решение за стабилна и рационално искористена конструкција.

 

Проектирањето е водилка во процесот на градењето. Со комплетно изработена проектна документација се добива јасна слика за изгледот и функционалноста на објектот и како најважен фактот се добива прецизна финансиска конструкција.

 

Тимот на „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ гарантира за квалитетот на изработката на проектната документација. Редовно ги пратиме светските збиднување и вложуваме во знаењето.

Нудиме комплетна подготовка на проектна документација по фази, од идеен до изведбен проект.

Нема претпоставки, нема приближни пресметки…точноста на анализите е докажана практично и експериментално во рамките на учество на меѓународен проект „PROHITECH“ во лабораториите во ИЗИИС.

КЛИЕНТИ

НАШИТЕ КЛИЕНТИ