Проектирање
Тимот на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ нуди целосна проектна документација од идеен до изведбен проект, користејќи 2D/3D моделирање и прецизни анализи за стабилност и оптимална употреба на материјали.
ПовеќеСе вчитува!
За АРС-ИНЖЕНЕРИНГ
Повеќе од 30 години сме посветени на проектирање, надзор, ревизија и изведба на квалитетни објекти. Нашата сила е во професионалниот тим кој ги следи најновите трендови, се прилагодува на локалните услови и секогаш работи со фокус на квалитет, стабилност и енергоефикасност. Ние не градиме само конструкции – градиме партнерства и ја претвораме вашата визија во реалност.
Проектирање, надзор, ревизија, консалтинг, енергетска ефикасност и инвестирање во недвижности се дел од секојдневните активности на тимот на „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“.
Преку нашите проекти и реализирани објекти се врежуваме во историјата, а истовремено учествуваме во градењето на иднината. Со задоволство би сакале и вие да станете дел од нашите клиенти и соработници.
Задоволство ни е што можеме, барем за миг, да бидеме дел од вашето опкружување и ваши домаќини при посетата на нашиот портал. На овој начин ја користиме можноста да ја претставиме работата на „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“, а воедно и да ја оправдаме довербата на нашите бројни клиенти и деловни партнери.
Друштвото за градежништво „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ е основано во 1994 година и во текот на сите овие години успеа да опстои на македонскиот пазар и да ги надмине сите превирања, кризи и реформи.
Основната движечка сила за нашиот опстанок и развој е неизмерната посветеност, професионализам и љубов кон работата. Нашиот тим постојано се стреми да биде во чекор со најновите светски трендови, прилагодувајќи се на условите на нашиот пазар. Работиме тимски, професионално и безрезервно. Се стремиме кон повисоки достигнувања и секојдневни предизвици, вложувајќи постојано во знаење и усовршување.
Ви благодариме однапред,
Иван Алексовски, управител
од 1994 до денес
Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ дооел експорт-импорт Куманово е основано во 1994 година од страна на Радомир Алексовски
(1954-2021).
Станува збор за семеен бизнис со кој денес посветено и во склад со традицијата, пред се со негување на семејни вредности и деловна дисциплина, раководи втората генерација.
Во период од 1994 до 2001 година „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ првенствено се занимаваше со изведување на градежни работи (изградба, доградба, надградба, реконструкција и одржување на објекти од високо и ниско градба). Во тој период друштвото го сочинуваа 70 вработени лица - инженери, економисти, правници, техничари, хигиеничари, возачи, општи работници.
Од 2001 година „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ спроведе големи реформи и целосна реорганизација. Со следење на пазарните трендови се формираа помали компании од различни области, со кои фирмата соработува. Дел од поранешните вработени основаа сопствени фирми чии услуги „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ сè уште ги користи. Иако бројот на вработени се намали, квалитетот на услугите значително се подобри. Денес компанијата располага со високообразован и стручен кадар.
Работењето на „АРС-ИНЖЕНЕРИНГ“ е целосно усогласено со законската регулатива. Компанијата поседува лиценци за работа во повеќе инженерски области: проектирање, надзор, ревизија и енергетска ефикасност. Стручниот тим има реализирано илјадници договори во сите овие сегменти на градежништвото. Една од водечките дејности денес е инвестирање и соинвестирање при изградба на објекти од високоградба, со фокус на квалитет, ефикасност и современи стандарди.
ПРИСТАП
Тимот на АРС-ИНЖЕНЕРИНГ нуди целосна проектна документација од идеен до изведбен проект, користејќи 2D/3D моделирање и прецизни анализи за стабилност и оптимална употреба на материјали.
Повеќе
АРС-ИНЖЕНЕРИНГ е лиценцирана за енергетска контрола и издавање на енергетски пасоши, изработка на елаборати за енергоефикасност и потврди за согласност на проектна документација за веќе изградени и нови објекти.
Повеќе
Издава магацински простор под наем во Куманово, локација Митев Мост со директен простап до булевар Октомвриска Револуција
Повеќе
Повеќе од 30 год. сме присутни на пазарот на недвижности. Тоа е доволен показател во време на непрофесионализам и несигурност со кои секојдневно се соочуваат илјадници наши граѓани при купопродажба на недвижен имот.
Повеќе
АРС-ИНЖЕНЕРИНГ покрај инженерските услуги нуди и консултантски услуги за клиенти кои се решаваат да навлезат во процес на градење, а не се запознаени со постапките и редоследот уште при првиот чекор.
Повеќе






Testimonials
Sponsors